Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Ден на дрвото – засади ја својата иднина” есен 2013 година

За претстојната акција за пошумување “Ден на дрвото – засади ја својата иднина” есен 2013 година,  ЈП Македонски шуми активно се подготвува за реализација на истата, според  техничко оперативните можности.

Во делот на шумско одгледни работи – пошумувањa ЈП Македонски шуми предвидува  пошумување на површина повеќе од 1 150 ха, со засадување на 5 000 000 шумски садници. Пошумувањето со шумски садници на предвидените локалитети ќе се реализира од почетокот на Ноември се до моментот на поволните климатски услови и можности. Со есенската акција како и секоја година  вклучена е и локалната самоправа – ЗЕЛС, Национални паркови и ЈП Јасен.

Со есенската акција  како приоритети за пошумување се предвидени опожарени површини - последица од шумски пожари, голини во шума и вон шума во склоп на “Шумско стопанските eдиници”, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, локации покрај природни и вештачки езера на територијата на Република Македонија и државни патишта.

Во зависност од  местоположбата и почвените услови локалитетите за пошумување за есенската акција ќе се подготваат механизиранo во кордони (орање), рачна обработка на површините и изработка на дупки со моторни дупчалки.

Изборот на дрвни видови за пошумување е во зависност од климатските услови, надморската височина и фенологијата на садниците.

Според доставените известувања од страна на општините, дел од општините се приклучуваат на локациите предвидени од страна на Македонски шуми, а дел предложија свои локации кој ќе се подготват од нивна страна а шумските садници ќе ги преотстапи  ЈП Македонски шуми од своите расадниците.

Оваа есен со помош на општините и граѓаните ќе се вклучат во пошумувањето за да се уредат хортикултурно поголеми урбани површини со декоративни садници (лисјари и четинари). За оваа цел ќе засадат повеќе годишни садници од над 35 дрвни видови. (даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чемпрес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија, туја и други)

Владата на Република Македонија,  на својата Сто педесет и осмата седница, одржана на 29.10.2013 година ја усвои информацијата за реализација на акцијата за пошумување од страна на Македонски шуми со следните заклучоци и тоа:

-   Површини за пошумување – 1.150ха – 5 000 000 броја на шумски садници

- Општини на ниво на град Скопје со преотстапување на 81.800 броја на разновидни шумски  садници

-  Општини низ државата, Национални паркови и Јасен – 78.930 броја на   шумски садници

-  ЈП за Државни патишта ( а.чемпрес и леандри) – 21.630 броја

- Охрид, Струга и Дојран покрај езерското крајбрежје со медитерански дрвни видови и тоа палми и леандри – 1.250 броја.

ЈП Македонски шуми во период од 2007 – 2012 година со акциите за пошумување “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” има засадено т е пошумено над 51 432 310 шумски садници и тоа на приоритетни локалитети на територијата на Република Македонија,  а со цел за зачувување и воспоставување на составните делови на биолошката и пејзажна разновидност на македонските шуми преку интегрирањето на целите на заштитата во шумарската пракса.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт