Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Директорите на јавните претпријатија потпишаа Декларација за антикорупциски практики и политики

На ден 20. 09. 2023 година во Скопје, во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) Директорите на јавните претпријатија потпишаа Декларација за антикорупциски практики и политики. Со цел да се демонстрира политичка волја и да се даде придонес во спречувањето на корупцијата и подобрувањето на транспарентноста на јавните претпријатија, декларацијата ја потпишаа 36 директори на јавни претпријатија од целата земја.
На настанот се обратија г-дин Ерик Мејер, Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, проф. д-р Мишо Докмановиќ проектниот координатор, како и проф. д-р Дарко Спасевски национален експерт, кој претставувајќи ги главните проектни резултати и ресурсната страница, изрази увереност дека присуството и изразената поддршка од страна на директорите на јавните претпријатија ќе ги охрабри вработените и ќе ги поттикне и граѓаните и правните лица кои се корисници на услуги и добра да ги користат механизмите на заштита на укажувачи, транспарентност и отчетност, секогаш кога ќе биде потребно и ќе бидат сигурни дека некој соодветно ќе постапи по нивниот поднесок.
Настанот се реализираше во рамките на проектот кој го спроведува ИСИЕ - „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија" и е финансиран од Амбасадата на САД.
На настанот присуствуваше и директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт