Потпишан Меморандум за соработка
ЈП Национални шуми веќе трета година е партнер во дуалното образование на средните стручни училишта, во соработка со СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар. Двете страни претставувани од директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски и директорката на училиштето Маја Лозановска, потпишаа Меморандум за соработка и за следната учебна 2023/2024 година, а учениците ќе можат да се запишат во прва година шумарско-дрвопреработувачка струка за профил шумарски техничар, во соработка со нашата Подружница Бигла од Демир Хисар, како партнер компанија за дуалната паралелка.
Продолжувањето на соработката меѓу ЈП Национални шуми и СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, има за цел да се зголеми интересот на учениците за запишување во шумарско-дрвопреработувачката струка, кои би биле оспособен и адекватен кадар за вработување во реалниот сектор по завршување на средното образование.
ЈП Национални шуми како општествено одговорна компанија е веќе верификуван партнер во формирањето на дуалните паралелки, што претставува повисок општествен интерес на сите страни вклучени во образовниот процес и на македонското стопанство.
Назад