Инвестиционо вложување во подружницата Бигла во Демир Хисар
Согласно Инвестиционата програма за 2022 година, Јавното претпријатие Национални шуми преку постапка за јавна набавка, спроведе демонтажа и монтажа на нови ПВЦ прозори и влезната врата на управната зграда во подружницата Бигла од Демир Хисар, инвестиција вредна 288.864,00 денари со ДДВ, од сопствени средства. Инвестицијата е во делот на промена на постоечките со нови ПВЦ прозори и врата.
Адаптацијата на управната зграда во Демир Хисар е уште една од повеќето реконструирани објекти во сопственост на јавното претпријатие. Со оваа адаптација ќе се подобрат условите за работа на вработените, како и квалитетот на работната средина во управната зграда. Управната зграда на подружницата се реконструира после подолг временски период.
Инвестиционите вложувања продолжуваат и во останатите подружници. Национални шуми продолжува да се модернизира и осовременува
Назад