Пролетна сеидба во расадникот Мавровица
Во текот на последната седмица од месец март и првата седмица од април, во подружницата Шумарство во Свети Николе е завршена двонеделната пролетна сеидба на садници од контејнерски тип на производство, од дрвните видови: даб, ела, аризонски чемпрес, бел и црн бор. Во расадникот Мавровица, во сопственост на подружницата Шумарство од Свети Николе се изведува контејнерско производство на садници според модифицираниот шведски метод јукосад. Производството на вакви видови садници отвара нови перспективи за поуспешно пошумување на голини. Овие садници се произведуваат и се садат со сѐ база од тресет, така што подобро ја поднесуваат сушата и можат да се садат во продолжена сезана, порано или подоцна за разлика од класичните. Здравите и квалитетни садници е еден од најважните услови за успешно пошумување и прифаќање на истите.
ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ И ЗГОЛЕМИМЕ ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ
Назад