Нацрт верзија и Извештај за стратегиска оцена на животната средина за План за управување со Заштитен предел “Малешево” за периодот од 2023-2032
ЈП “Национални шуми” како управувач со Заштитен предел “Малешево,” согласно Законот за заштита на природата член 85 треба да изработи План за управување со заштитен предел „Малешево“ за периодот од 2023-2032, кој го донесува Управниот одбор при ЈП “Национални шуми” Скопје.
Управувачот со заштитеното подрачје - Јавното Претпријатие “Национални шуми”, во согласност со Законот за животната средина член 65 став 6 треба да донесе Одлука за спроведување на стратегиска отценка за влијанието на Планот за управување со заштитен предел „Малешево“ врз животната средина. Во Извештајoот за стратегиската отценка се образложени причините за негово спроведување согласно критериуми, врз основа на кои се определува дали еден плански документ би можел да има значително влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето.
ЈП “Национални шуми” како управувач со Заштитен предел “Малешево,” постапи согласно законските одредби и изготви План за управување со заштитен предел „Малешево“ за периодот од 2023-2032 во нацрт верзија и Извештај за стратегиска оцена на животната средина за План за управување со Заштитен предел “Малешево” за периодот од 2023-2032 во нацрт верзија.
Во електронска форма Ви се достапни :
План за управување со заштитен предел „Малешево“ за периодот од 2023-2032 во нацрт верзија
Назад