Пошумување во рамките на редовните обврски
Во последните денови од декември во 2022 год. извршено е пошумување во рамки на редовните обврски, притоа е пошумена површина од 6 ха. Поради малата надморска висина (150м) и високите летни температури пошумувано е со садници од дрвен вид багрем, произведен во расадниците на Јавното претпријатие. Во пошумувањето учествуваа вработените од Подружницата Саланџак од Валандово, во соработка со населението од околните населени места. Подружницата многу вложува во добрите контакти со населението во подгорските села и ги поканува сите заинтересирани на сите вакви активности. Пошумувањето е извршено во Шумско стопанската единица Анска река, во одделот 20. Активностите ги координираа вработени во подружницата: Дипл.шумарски инженери Македонка Стојанова и Амет Алилов.
Назад