Доопремување на сервер салите во дирекција и во Сектор уредување
Согласно Инвестиционата програма за 2022 година, ЈП Национални шуми набави 3 нови инвертер клими за обезбедување на квалитетни услови за работа на серверите, инвестиција вредна 120.000 денари сопствени средства. Развојот на претпријатието е правопропорционален со развојот на информатичката технологија, со што се овозможува постигнување на подобар успех во работењето. Јавното претпријатие и во 2023 година планира доопремување на сервер салата, со набавка на нова серверска опрема. Национални шуми се модернизира и се осовременува.
Назад