Набавени нови 40 специјални заштитни униформи
ЈП Национални шуми има обврска да презема превентивни, подготвителни и директни мерки за заштита на шумите од шумски пожари. За таа цел, согласно Планот за јавни набавки за тековната година, претпријатието планираше и набави 40 нови противпожарни униформи за гасење на пожари, наменети за вработени од подружниците. Набавката е од сопствени средства во износ од 2.500.000 денари. Специјалните одела ќе бидат распределени во 8 подружници во состав на Јавното претпријатие и тоа во: Ресен, Охрид, Струга, Битола, Свети Николе, Велес, Гевгелија и Караџица во Скопје.
Да ги чуваме нашите шуми, за тие да не чуваат нас