Ново инвестиционо вложување
Согласно Инвестиционата програма за 2022 година, Јавното претпријатие Национални шуми планираше и спроведува реконструкција на управната зграда во Подружницата Плачковица во Радовиш, инвестиција вредна 2.000.000,00 денари со ДДВ, од сопствени средства. Инвестицијата е во делот на реконструкција на градежни објекти во Инвестиционата програма, активностите се се уште во тек и е една од повеќето планирани реконструкции на објекти во сопственост на јавното претпријатие. Со оваа реконструкција ќе се подобрат условите за работа на вработените, како и квалитетот на работната средина во управната зграда на подружницата. Управната зграда на подружницата се реконструира после подолг временски период. Инвестиционите вложувања продолжуваат и во останатите подружници.
Национални шуми се модернизира и осовременува