Потпишано членство во Институт за стандардизација
На ден 24. 02. 2023 година во Дирекцијата на ЈП Национални шуми, директорот Валентин Груевски и директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија м-р Џевад Кицара, потпишаа членство во ИСРСМ. На состанокот беше договорено формирање на нов Технички Комитет за шумите, чија цел ќе биде заштита на животната средина и растителниот и животинскиот свет во шумите. Целта е намалување и ублажување на ризиците од природните последици за животната средина, а Јавното претпријатие Национални шуми има голема општествена одговорност во заштитата на нашите шуми.
Назад