Уште едно Инвестиционо вложување
![](admin/documents/331765913_581304903894832_6606442037815027914_n.jpg)
Согласно Инвестиционата програма за 2022 година, Јавното претпријатие Национални шуми планираше и набави топловоден котел на цврсто гориво со монтажа во Подружницата Осогово во Кочани, инвестиција вредна 390.900,00 денари со ДДВ, сопствени средства. Реализираната инвестиција е во делот на останати набавки во Инвестиционата програма, согласно пазарните цени. Со оваа набавка ќе се подобри квалитетот на работната средина во управната зграда на подружницата. Инвестиционите вложувања продолжуваат и во тековната година.
![](/upload/images/331803971_595953318651424_1549316429651553694_n.jpg)