Објавен Годишниот извештај за информации од јавен карактер за 2022 година
Согласно Националниот акциски план за Отворено Владино Партнерство и заложбата за Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб страниците на институциите, како и членот 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. Весник на РСМ бр.101/2019 год.), Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост Национални шуми п.о. – Скопје, на официјалната веб страна на претпријатието го објави Годишниот извештај за информации од јавен карактер за 2022 год. Годишниот извештај е изработен според таксативно набележаните обврски од член 36, според кој на сите побарани информации е одговорено прецизно, со податоци, коментари и карактеристики кои произлегуваат од работата на јавното претпријатие.