Доделени уште три нови теренски возила
На ден 27.01.2023 година согласно Инвестиционата програма за 2022 година, ЈП Национални шуми додели уште три нови теренски возила GREAT WALL STEED7 со товарен простор, набавени од сопствени средства. Брендирани возила се доделени во подружниците: Куманово-Куманово, Осогово-Кочани и Шумарство–Свети Николе. Овие теренски возила се од големо значење за заштита на шумите, бидејќи покрај превезување на работници, товарниот простор ќе се користи за сместување на пумпи (специјална опрема за гаснење пожари) кои се инсталираат на теренските возила, со цел оспособување на возилата за брза интервенција во справување со шумските пожари.
На доделувањето на теренските возила присуствуваше директорот Валентин Груевски, како и раководителите и вработените од трите подружници. Со доделувањето на овие три теренски возила, се заокружува набавката на единаесетте возила, инвестиција вредна 21.653.000 денари. Јавното претпријатие ќе продолжи со инвестирање во теренски возила заради побрза интервенција во случај на шумски пожари, како и контрола на теренот и во 2023 година.