Национални шуми набави нови 45 моторни пили
На ден 26.01.2023 година согласно Инвестиционата програма за 2022 година, ЈП Национални шуми планираше и набави 45 нови моторни пили, за потребите на подружниците, инвестиција вредна 1.700.000 денари сопствени средства. Набавката на новите моторни пили кои ќе бидат распределени согласно потребите на подружниците, ќе придонесе за подобро извршување на тековните работни обврски, како што се: сеча на дрвни сортименти согласно планираните активности во Програмата за работа, како и правење на заштитни пресеки во делот на заштитата од шумски пожари и други активности од делот на работата на терен.