Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Донесен План за спречување на корупција

Во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. Весник на РСМ бр.12/19), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми "Национални шуми" п.о. Скопје донесе План за спречување на корупција, каде главна задача ќе биде навременото препознавање на ризиците од корупција и предлагање на соодветни мерки за отстранување на ризиците. Планот треба да биде водич за понатамошните активности кои јавното претпријатие ќе ги презема за борба против корупцијата. Јавното претпријатие како институција која врши работи од јавен интерес има за цел да воспостави систем на мерки кои ќе овозможат справување со корупцијата и идентификување на причините, условите и факторите кои ја овозможуваат.
Притоа јавниот интерес како што е дефиниран во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, претставува "заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот на РСМакедонија, спречување на ризиците за здравјето, одбраната и безбедноста, заштита на животната средина и на природата, заштита на сопственоста и слободата на пазарот, владеењето на правото и спречување на криминалот и корупцијата". Годишниот план за проценка на ризици од корупција за 2023 год. е објавен на официјалната веб страна на јавното претпријатие.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт