Ограничување на собирањето и откупот на плодови на боровинка
Ограничување на собирањето и откупот на плодови на боровинка (VACCINIUM MYRTILLUS) во 2013 година.
ЈП “Македонски шуми“ со Решение бр. 15-733/1 го ограничува времето за собирање и откуп на боровинка во 2013 година. Собирањето и откупот се одредува да започне на 1-ви Агуст 2013 година и трае до 15-ти Септември 2013 година.
Пред овој датум забрането е собирање и откуп на боровинка и ова дејствие ќе биде предмет на контрола и инспекција на овластените контролни органи според важечките законски одредби.
Собирањето може да го вршат само регистрирани собирачи кои имаат годишни „Дозволи за собирање на други шумски производи за 2013 година“ издадени од Подружниците на ЈП Македонски шуми низ Република Македонија, и кои боровинката ја предаваат во откупни пунктови на регистрирани откупувачи – правни лица кои имаат “Договор за преостапување на собирање и откупот на други шумски производи преку откупни пунктови со надоместок“ со ЈП “Македонски шуми“.
Собирањето и откупот на боровинката ќе биде директно под контрола на овластените органи кои може да ги одземат собирачките дозволи од физички лица - собирачи, доколку собираат пред 1-ви август 2013 година, или утврдат неправилности при собирањето и евидентни штети на популацијата боровинки од несоодветните начини на собирање (откорнување на цели билки, сечење гранки, оголување на стебла, собирање незрели плодови и друго), или забранат откуп на правните лица – фирми ако откупуваат боровинка пред 1-ви август 2013 година, откупуваат незрели боровинки, употребуваат несоодветна амбалажа и садови, отворен транспорт и чување и складирање на боровинката без ладење во откупните пунктови.
Воедно собирањето може да се ограничи и забрани, доколку собирачите предизвикуваат штети на животната средина расфрлајки отпадоци, сечејки гранки и стебла од шумата и палејки отворен оган на местото на собирање.
Пријавите за прекршителите на ова ограничување на собирањето и откупот може да се достават до Подружниците на ЈП Македонски шуми, за да се преземат соодветни законски мерки против нив.
ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ Скопје