Зголемување на зелените површини
Последната година во однос на пошумувањето Јавното претпријатие Национални шуми имаше голема поддршка и вклученост на голем број општествено одговорни компании и институции, кои активно се вклучија во есенското пошумување согласно проста и проширена репродукција на шуми, за зголемување на зелените површини.
Да ги спомнеме:
Британската Амбасада, ДМ дрогерии, Алкалоид, Пивара, Кромберт и Шуберт, Телеком, Прокредит банка, Кине и Нагел, Шпаркасе банка, РЕК Битола, Дени Интернационал, Халк Банка, КБ Прво пензиско друштво, НЛБ банка, Рудници Саса, МЗШВ, како и невладиниот сектор. Сите овие компании дадоа свој придонес при извршување на есенските активности за зголемување на зелената површина, со донација на садници, подготовка на површините за пошумување, логистичка поддршка, техничка помош, како и вклученост со свои вработени во самото пошумување.