Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржана панел дискусија Зелените јавни набавки

На ден 12.12.2022год. во организација на Центарот за граѓански комуникации во хотел Лимак, се одржа дебата на тема: „Зелените“ јавни набавки во земјава, на која беа претставени иницијалните наоди од мониторингот на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина и од истражувањето на (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјата и влијанието на корупциските ризици во процесот. Целта е да се придонесе кон оценка на состојбата со набавките за заштита на животната средина, можното влијание на корупцијата врз малата примена на „зелените јавни набавки“, како и идните мерки што треба да се преземат.

Покрај претставниците на ЦГК и ФООМ, на дебатата се обратија министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска и директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Христов. Меѓу учесниците беа 40-ина претставници за јавни набавки на државни институции, на Државниот завод за ревизија и еколошки невладини организации како и претставници од Јавното претпријатие од Одделението за јавни набавки. Дебатата се спроведува во рамките на проектот „Прилагодување кон климатските промени преку спречување на корупцијата во јавните набавки“ што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт