Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржано предавање за рипариска (крајбрежна) вегетација на европскиот континент

На 14-ти декември 2022 година со почеток од 11 часот во амфитеатарот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и еко инженеринг „Ханс Ем“ - по предметната дисциплина Фитоценологија предавање одржа д-р Дејан Манџуковски, раководител на Секторот за уредување на шуми и ловишта и проектирање. Наслов на предавањето беше: Рипариска (крајбрежна) вегетација на европскиот континент. Предавањето беше од отворен тип за сите заинтересирани страни. Предавањето побуди особен интерес кај присутните посетители поради актуелноста на темата, главно поради причината што крајбрежните (рипариски) живеалишта се едни од најранливите и најретки природни живеалишта. Во текот на историскиот развој на растителноста на европскиот континент, крајбрежните области биле многу искористени и последователно доживеале широко распространета деградација. На глобално ниво, заштита и враќање на функционалноста на крајбрежните екосистеми се остварува со пропишување на неколку светски документи. На европско ниво се пропишани транснационални, национални и регионални иницијативи и политики (на пр., Европскиот зелен договор и биодиверзитетот Стратегија 2030 the European Green Deal and Biodiversity Strategy 2030 или Рамковна директива за води на ЕУ [EU Water Framework Directive -WFD]).

Во продолжение на предавањето д-р Манџуковски се осврна на синтаксономскиот преглед на рипариската вегетација на ниво на сојузи кои се застапени на европскиот континент од атланската група на острови (Мадеира, Азори и Канарски острови) се до европска Русија, понатаму од медитеранските области, преку централните до бореалните делови на Европа и малоазискиот потконтинент. Беа презентирани и кодовите за Натура 2000 живеалиштата според Прилогот I од Директивата за живеалишта на Европската Унија, особено ако се има во предвид податокот што нашата држава во пристапните преговори за членство во Унијата има за обврска да прогласи одреден дел од територијата НАТУРА подрачја. На крајот од предавањето, присутните гости имаа време повеќе од половина час да постават прашања кои беа одговарани од д-р Дејан Манџуковски. На одржаното предавање беа присутни студенти и професори од факултетот, како и вработени од Јавното претпријатие.

 

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт