Национални шуми набави нови 11 теренски возила
На ден 02.12.2022 година согласно Инвестиционата програма за 2022 година, ЈП Национални шуми планираше и набави 11 нови теренски возила GREAT WALL STEED7 со товарен простор, во вкупна инвестиција од 21.653.000 денари со ДДВ, од сопствени средства. Првите три брендирани возила се доделени во подружниците Кожуф- Гевгелија, Липа-Крушево и Голак-Делчево. Вторите три брендирани возила се доделени на ден 16.12.2022 во подружниците Кајмакчалан- Битола, Црн Бор-Прилеп и Јабланица-Струга.
На ден 29.12.2022 година, ЈП Национални шуми додели уште две нови теренски возила GREAT WALL STEED7 со товарен простор, набавени од сопствени средства, на ила се доделени во подружниците Сандански- Македонски Брод и Стогово -Дебар. На доделувањето на теренските возила присуствуваше директорот Валентин Груевски, како и раководителите и вработените од двете подружници. Јавното претпријатие ќе продолжи со инвестирање во теренски возила заради побрза интервенција во случај на шумски пожари, како и контрола на теренот. Набавката на останатите теренски возила, ќе се одвива сукцесивно, во рамки на планираното, а во зависност од финансиската ликвидност на претпријатието. Со овие две возила, доделени се вкупно осум теренски возила, во осум подружници, од вкупно планираните единаесет.
Назад