Учество на работилница во Лече, Италија
ЈП Национални шуми доби покана од CMCC (Евро-медитерански центар за климатски промени) и компанијата специјализирана за производство на дронови DRONBASE да учествува на работилница на 26.11.2022 година и на тој начин да добие можност да се запознае со активностите на Ofidia 2. На работилницата презентација имаа Џиовани Алојзио директорот на супер компјутерскиот центар на CMCC, Алберто Погорелц меѓународен експерт за одржлив развој, како и Рикардо Валентини член на бордот на CMCC и редовен професор на одделот за иновации во биолошките, прехранбените и шумските системи на универзитетот во Тускиа и добитник на Нобелова награда. На работилницата на која присуствуваа претставници од јавното претпријатие беше презентирано дека по воспоставувањето на овој систем кој вклучува напредна технологија како камери, сензори и дронови, процентот на шумските пожари се намалува за 85 отсто, што е најдобар европски просек во последната деценија.