Национални шуми набави нови 11 теренски возила
На ден 02.12.2022 година согласно Инвестиционата програма за 2022 година, ЈП Национални шуми планираше и набави 11 нови теренски возила GREAT WALL STEED7 со товарен простор, во вкупна инвестиција од 21.653.000 денари со ДДВ, од сопствени средства. Првите три брендирани возила се доделени во подружниците Кожуф- Гевгелија, Липа-Крушево и Голак-Делчево. Овие теренски возила ќе бидат од големо значење за заштита на шумите, бидејќи покрај превезување на работници, товарниот простор ќе се користи за сместување на пумпи (специјална опрема за гаснење пожари) кои се инсталираат на теренските возила, со цел оспособување на возилата за брза интервенција во справување со шумските пожари. На доделувањето на теренските возила присуствуваше директорот Валентин Груевски, како и вработените од трите подружници. Јавното претпријатие ќе продолжи со инвестирање во теренски возила заради побрза интервенција во случај на шумски пожари, како и контрола на теренот. Набавката на останатите теренски возила, ќе се одвива сукцесивно, во рамки на планираното, а во зависност од финансиската ликвидност на претпријатието.