Пошумуваме заедно за позелено утре
Мотото под кое денеска заедно пошумуваа Јавното претпријатие Национални шуми со ДМ дрогерие и МЗШВ. На локација покрај автопатот Миладиновци близу Скопје, денес се реализираше долго најавуваното пошумување помеѓу Јавното претпријатие Национални шуми со ДМ дрогерие, подржано од МЗШВ. Се пошумуваше површина од 10ха со 10 000 садници од багрем и 17 000 садници од чемпрес. ДМ како општествено одговорна компанија за оваа акција на Јавното претпријатие му донираше средства за подготовка на почвата за пошумување, односно донираше 10 елечектрични бушилици и средства за набавка на садниците за пошумување на оваа површина. Ова е најголемата донација и поддршка што некоја приватна компанија ја донирала на Јавното претпријатие Национални шуми. На пошумувањето присуствуваше Министерот Љупчо Николовски, претставници од МЗШВ, помошник директорот Маре Басова, претставници од Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов, вработените од Подружницата Караџица од Скопје, вработени од ДМ, волонтери и други лица. На пошумувањето присуствуваа повеќе од 350 лица.