Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржана Конференцијата за првите чекори кон државната реорганизација

На 17.11.2022год. во Александар Палас се одржа Конференцијата за првите чекори кон државната реорганизација. Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија, се првите три министерства што учествуваат во пилот постапката за реорганизација во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, во кој учествува целата Влада. Конференцијата беше отворена од вице премиерот Артан Груби кој истакна дека по завршувањето на пилот проектот, Владата се обврзува да го започне процесот на реорганизација од јануари 2024 година.
Модератор на Конференцијата беше Слаѓана Тасева, тим лидер на проектот, таа истакна дека со постапката се направени анализи на сите 17 министерства за тоа како би можело да се реорганизираат, со цел да се обезбеди водење на политики, отчетност, надзор и контрола. На еден од панелите земаа учество Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Министерот за информатичко општество Адмирим Алити кој истакна дека со реорганизацијата нема ниеден вработен да биде отпуштен од работа, а можно е да има прераспределување. На конференцијата на покана од организаторот, присуствуваа претставници од ЈП Национални шуми, од Секторот за план, анализа, инвестиции и развој, информатички и комуникациски технологии и Секторот за правни, заеднички, општи работи и човечки ресурси.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт