Одржани работни состаноци
Од 17 до 25ти октомври 2022год. Директорот Валентин Груевски одржа работни состаноци со Раководителите на подружниците, техничките раководители, како и советниците за план и анализа. Првиот состанок беше одржан во просториите на дирекцијата во присуство на претставници од пет подружници, а останатите состаноци се одржаа во подружниците во Берово, Струмица, Гостивар, Охрид, Битола, Кичево и Кавадарци. Главен акцент на работните состаноци беа основните насоки и конкретните задачи кои треба да се остварат во Програмата за работа за 2023год., како основен базичен документ на јавното претпријатие во кој се планираат производните и финансиски податоци поединечно за секоја Подружница и на ниво на ЈП согласно со Посебните планови за стопанисување со шумите, како и во склад со реалните можности, технички капацитети и човечки ресурси во секоја подружница. На одржаните состаноци активно учество имаа претставници од Секторот за шумарство и од одделението за план и анализа од Секторот за план и анализа, инвестиции и развој, информатички и комуникациски технологии.