Подружница Плачковица-Радовиш / Dega Plaçkovë-Radovish
Според предвидувањата во Изведбените планови за следната 2023 год. во Подружницата Плачковица од Радовиш, е отпочнато со ознака на дрвната маса за сеча во Шумско стопанската единица Плачковица Река Ломија, која е една од седумте Шумско стопански единици со кои стопанисува оваа подружница. Согласно Законот за шуми и Задолжението од Сектор шумарство кое се доставува до сите подружници, ознаката на дрвната маса потребно е да се заврши заклучно со месец септември, после тоа се отпочнува со изработката на Програмата за работа за следната година, поединечно за сите 30 подружници и на ниво на јавно претпријатие.