УКИНУВАЊЕ НА ДЕЛУМНАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА
![](admin/documents/306949347_418537553722653_2564617323496168398_n.jpg)
Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од 12.09.2022 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, ја издаде согласноста за укинување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, која стапи на сила од 24.06.2022год., заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.
![](/upload/images/307639457_418537803722628_5362863226007152373_n.jpg)
За спроведување на горенаведената согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие.
![](/upload/images/307990130_418537820389293_3714089509069859041_n.jpg)