Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Разубавување на автопатот Катланово-Хиподром

Во интерес на заштитата на животната средина и разубавување на околината во рамките на Акцијата Денот на дрвото, пролетно пошумување, на автопатот Катланово-Хиподром во околината на главниот град Скопје, ЈП Македонски шуми и ЈП Државни патишта, со заедничка акција решија да засадат 5000 декоративни садници.

Генералниот директор на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, директорот на ЈП Државни патишта, Љупчо Ѓорѓиевски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, денеска  присуствуваа на еколошката акција за садење декоративни садници на автопатот „Александар Македонски“.

За оваа намена, отстапени  се 5000 садници од  ЈП Македонски шуми, претежно од декоративни видови (аризонски чемпрес, јасен,каталпа, келерутерија, јавор, туја) погодни за ова месторастење  кои ЈП Државни патишта ќе ги употреби за засадување покрај автопатот, на клучката пред и после патарината кај Петровец.  

Оваа акција се изведува со цел да се потенцира грижата за животната средина и разубавување на животната околина и еколошките заложби на двете претпријатија. Се работи за садници со висина од 50-100см,од кои најголем дел се веќе засадени. Во соработка со ЈП Државни патишта ќе бидат засадени и останатите садници, за чие зафаќање ние ја преземеме грижата. Имено, ЈП Македонски шуми има  ангажирано свое возило- цистерна со кое  ќе се врши полевање за да не дојде до сушење, ЈП Државни патишта и Македонијапат, ќе се грижат  за чување на садницитеи од физички оштетувања и корнење, како и за плевење и чистењена површината.

 Целта на оваа акција е ублажување на негативните влијанија од издувните гасови на автопатот и патиштата низ државата и разубавување на влезот во градот.

Соработката меѓу двете претпријатија  се планира да продолжи и во континуитет и во иднина да се посадат декоративни видови долж целиот автопат.

 

 

Скопје, 17.04.2013                                                       ЈП” Македонски шуми”

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт