Известување од Секторот за комерцијални работи
Во врска со барање од Секторот за комерцијални работи бр.08-16/250 од 13.09.2022 година, донесени се Одлуки од Управниот одбор бр.02-670/З од 13.09.2022 година и бр.02- 670/4 од 13.09.2022 година за одобрување на рабат од 15% на правни лица кои имаат склучено договори со Здруженија на пензионери и трудови инавалиди (Здружени физички лица-членови преку Здруженија на пензионери и трудови инавалиди) кои имаат склучени договори со подружниците на ЈП Национални шуми - Скопје.
Рабатот одобрен од Управниот одбор на ЈП Национални шуми се однесува на ненаплатени средства по склучени договори од Здруженија на пензионери и трудови инавалиди кон правните лица заклучно со 26.08.2022 година.
Со цел да се оствари правото од овие одлуки, односно да се одобри рабат од 15 % потребно е Здруженијата на пензионери и трудови инавалиди (Здружени физички лица членови преку Здруженија на пензионери и трудови инавалиди) кои имаат склучени договори со правни лица кои истовремено имаат склучени купопродажни договори за огревно дрво со ЈП"Национални шуми" да достават:
Договор склучен од страна на Здружението на пензионери и трудови инвалиди со правното лице
Доказ за плаќање по Договорот , односно плаќања извршени од Здружението(банков извод, материјална и финансова картица)
Изјава под морална, материјална и кривична одговорност за веродостојност на податоци (заверна на нотар) од здруженијата на пензионери.
Изјавите да се достават во оригинал
Секторот за комерцијални работи ќе ги разгледа доставените документи, и доколку се утврди дека се исполнети условите предвидени во Одлуките од УО и ова известување, ќе се одобри рабатот од 15 %.
Бараните документи може да се достават по електронски пат, на следниве маил адреси:
valentina.deribabova@mkdsumi.com.mk kostadinka.sokolovska@mkdsumi.com.mk
За подетални информации може да се обратите кај Помошник директорот за комерцијални работи Жарко Анастасијески на моб. 071 315-289.
Директор
Валентин Груевски
Назад