Потпишан договор за соработка
![](admin/documents/300579634_399037652339310_1503975837559602254_n.jpg)
На 23 август 2022 г. во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет беше потпишан Договор за соработка помеѓу ЈП Национални шуми и Меѓународен Славјански Универзитет.
Договорот го потпишаа Валентин Груевски, в.д. директор на ЈП „Национални шуми” и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет.
На потпишувањето на договорот за соработка присуствуваа проф. д-р Живко Митревски и проф. д-р Љупчо Вчков, директор на Институтот за инженерска економија при МСУ.
Со договорот се предвидуваат попусти за студирање за сите вработени на ЈП Национални шуми и членовите на нивните семејства на Меѓународен Славјански Универзитет.
![](/upload/images/301005736_399038369005905_2014847774500136658_n.jpg)