Форест Фест 2022год.
Денес во Пехчево започна 6-то издание на Форест Фест 2022г. во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево. Фестивалот го отвори Војо Соколовски претседател на Националното здружение на сопствениците на приватни шуми, а настанот го поздравија Николчо Киров, пом.директор од ЈП Национални шуми, Трајан Димковски од МЗШВ, како и претставник на ЕЛС од Општините Пехчево и Берово.
Отварањето на фестивалот беше збогатено со песни и игри од Малешевијата во изведба на КУД Јане Сандански од Пехчево.
Во предвидената агенда на програмата беше одржана и презентација на тема:
- Превенција и заштита од пожари и
- Санација на опожарени шуми
Во рамките на фестивалот е предвидена и посета на опожарените шуми на приватни сопственици, како и посета на дел од стопанските капацитети за преработка на дрво и други шумски производи.
На вториот ден на фестивалот програмата предвидува планинарска рута, велосипедска рута и посета на туристички локалитети во општината, Равна река и Пехчевските водопади.
Единствената цел на фестивалот е да се подигне јавната свест за значењето на шумите.
Назад