Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Интервју на директорот Валентин Груевски за Гласот на Америка Двојно поголема побарувачка за огревно дрво за претстојната грејна сезона

Повисоки цени на огревното дрво, бараат Национални шуми од Владата. Во разговор за Гласот на Америка, в.д. директорот на претпријатието, вели: Цените не се променети од 2009 година.
„Овие цени за Национални шуми во овој момент не се финансиски исплатливи. Со овие цени ние работиме со загуба“, вели Валентин Груевски, в.д. директор на Национални шуми.
Според нивниот тарифник, метар кубен од дабово дрво за огрев е 2.900 денари. Барањето е цените да се зголемат за 20 отсто.
„Сакаме да има зголемување, бидејќи цените на сите енергенси отидоа нагоре. Имаме доставено барање до Владата. Ние сме јавно претпријатие и уште не сме добиле одлука за зголемување на цените“, додава Груевски.
Тие годинава планираат да произведат околу 400.000м3 огревно дрво, што е за 50.000м3 повеќе од лани. Но, годинава значително се зголемил и интересот на граѓаните да се греат на дрва.
„Граѓаните се плашат и се создава страв дека можеби ќе нема струја, па тие што никогаш не користеле дрво, сакаат да набават. Дел од тие што набавувале одредена количина на дрво, извештаите се дека сакаат да земат дупло повеќе дрво. Во тоа може да настане одреден проблем во однос на тоа дали ќе има или не“, истакнува Груевски.
Сепак, првиот човек на Национални шуми, додава дека за претстојната грејна сезона ќе има доволно дрва. Од нивните складишта може секој да набави, но листата на чекање не е мала.
„Имаме склучени договори со здружение на пензионери, со училишта, градинки. Тие си имаат приоритет. Тие дрва се плаќаат на рати. Осумдесет, деведесет отсто се платени и ние како Национални шуми мораме тоа да го испочитуваме“, посочува првиот човек на Национални шуми.
Трендот на поскапување на дрвата, ја зголемил и дивата сеча. Шумо-чуварската служба речиси секој ден откривала дрвокрадци.
„Се користат и стари дотраени возила кои немаат никаква вредност и доколку наидат на полиција, возилото се остава и заминуваат. Сите можни начини се користат за да се стигне до огревното дрво“, вели Груевски.
Дивата сеча, како што објаснува Груевски, ја има низ целата држава.
„Клучна алка е Министерството за внатрешни работи. Национални шуми нема толкав капацитет за да се справи со нелегалната сеча“, објаснува Груевски.
Недостатокот од работници им e уште еден загрижувачки момент. За пет години бројот на вработени во претпријатието се намалил за 400, а само годинава околу 150 лица од таму заминуваат во пензија.
„Постои сериозен недостаток на работна сила. Две причини има. Едната е тешката работа во шума. Не секој се нафаќа и не секој може да го работи тоа. Другата се платите кои кај нас не се многу високи и ги дестимулираат луѓето да работат во оваа индустрија“, укажува Груевски.
Груевски смета дека таквата состојба може да се надмине со пазарен пристап во работењето и во продажбата на дрвата.
„Да не работиме како социјална категорија, да добиеме повисока цена на дрвото. Со тоа ќе можеме да вложуваме во механизација, во технички средства. Кога ќе го имате тоа, тогаш ќе можете и многу повеќе дрво да произведете, бидејќи ова не е максималниот капацитет на шумите во Македонија“, вели првиот човек на ЈП „Национални шуми“.
Голем удар во производството на дрвото имаа и ланските пожари. Според податоците на Национални шуми, изгореле 390.000м3 кубни дрва. Проценетата штета е околу седум милиони евра.
„Не е само зеленилото кога ја гледаме шумата. Има многу репродуктивни можности, многу различен потенцијал. Ако не ја чуваме шумата, значи дека и себе си не се чуваме“, порачува Груевски.
 
Превземено од Глас на Америка
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт