Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Гостување на директорот на ЈП во утринската програма "Македонија наутро" на националната ТВ

На 07.07.2022 година на МРТВ гостуваше Генералниот директор на ЈП Национални шуми Валентин Груевски во утринската програма "Македонија наутро ", заради се поголемиот  интерес на граѓаните за префрлување на огревно дрво како енергенс за затоплување во претстојната грејна сезона, во услови на се повисоките цени на струјата, но и останатите енергенси за затоплување. Во интервјуто се зборуваше и за тоа колку се чува националното богатство - шумите, со оглед на се поголемиот број на шумски пожари кога причината е човечкиот фактор, но секако како горлив проблем се потенцира и бесправната сеча. 
Бидејќи летото е во полн ек, поставено беше и прашањето за програмите за справување со пожарите во шумите и дали ЈП и МВР имаат доволно човечки ресурси за спроведување на мерката делумна забрана за движење во шума и дали има означени места кои се поризични. Директорот одговори и во врска со прашањето дали се обновуваат изгорените површини и како тече тој процес, дека првин е потребно чистење и отстранување на изгорената дрвна маса, а после тоа опожарените површини ќе се пошумуваат. 
Директорот ги повика граѓаните да ги пријават сите сомнителни активности во шумите на нашата отворена телефонска линија ( 02 155 22), како и на официјалниот маил на претпријатието (komunikacii@mkdsumi.com.mk). 
Меѓу останатото, директорот зборуваше и какви мерки се преземаат за спречување на бесправната сеча во шумите со кои стопанисува ЈП Национални шуми.
Менувајќи ја свеста за шумата, се менуваме себе си!
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт