Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Спроведување на делумната забрана за движење во шума

Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор и согласно, воведената делумна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува ЈП"Национални шуми"– Скопје, која е со важност од 24.06.2022 год. во терминот од 06 до 20часот, се до нејзино отповикување, ЈПНационални шуми секојдневно ги следи и одговара на барањата на правни и физички лица кои пристигнуваат електронски на WEB страната на ЈП, како и барања што стасуваат преку архивата. 
Освен за институциите и субјектите за кои не важи делумната забрана , движењето во шума за сите останати посетители е дозволено единствено со писмено одобрение од страна на подружниците на ЈПНШ, кои секојдневно ги издаваат побараните дозволи за движење во шума. 
Најчести се барањата на правни лица кои континуирано имаат работа во шума, односно се движат низ целата територија на државата, како што се: одржување на мали хидроелектрани, одржување на телекомуникациска опрема-базни станици, чистење на траса за одржување на коридор-електродистрибуција, геодетски мерења за потребите на пристапен пат, сервисирање на предавателни мрежи, одржување и отстранување на појавени дефекти на далекуводи, одржување на микробранова опрема, научни истражувања - испитувања, одржувања на надземни водови, тетра базни станици на МВР, одржување на базни станици на мобилни оператори, репетитори, мобилна мрежа, собирање на споредни шумски производи.
Што се однесува на барањата од физички лица, тие најчесто се однесуваат на планинарење во шума, рекреативно движење во шума или собирање на споредни шумски производи.
Воведената делумна забрана за движење во шума е превентивна мерка, со единствена цел, заштита на шумите и шумското земјиште од шумски пожари.
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт