Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Потпишан Меморандум за соработка

На ден 11.07.2022 година во дирекцијата на Јавното претпријатие Национални шуми и Здружение за заштита на животната средина ЗЕЛЕНО ОКО Скопје беше потпишан Меморандум за соработка, кој ја потврдува согласноста за соработка помеѓу ЗЕЛЕНО ОКО претставувано од Претседател проф. д-р Јане Ацевски и м-р Валентин Груевски директор на ЈП Национални шуми. 
Здружението за заштита на животната средина ЗЕЛЕНО ОКО Скопје е граѓанска организација која поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирањето на политиките во областа на животната средина. Се залага за решавање на општествените предизвици во областа на зачувување на животната средина со што промовира, информира и реализира активности за унапредување на заштитата на животната средина.
Целта на соработката помеѓу ЈПНШ и Здружението за заштита на животната средина ЗЕЛЕНО ОКО Скопје  е  заедничка соработка во реализирање на проекти поврзани со шумите,  животната средина, еколошките проблеми и климатски промени, како и проекти поврзани со едукацијата, руралниот развој во планинските региони, користењето на недрвните шумски производи и друго.
Здружение за заштита на животната средина ЗЕЛЕНО ОКО во соработка со ЈПНШ  ќе ги реализира следните активности:
Организирање на обуки за воведување на еколошки одржливи практики во управување со шумите и шумското земјиште, земајќи го предвид и загрозениот биодиверзитет;
Отворање на едукативен центар за шумите и нивните природни вредности;
Практична настава и обука во природа на: ученици, студенти, љубители на природа, екологисти, планинари, извидници, туристи како од земјава, така и од странство;
Промоција на планински и научен туризам;
Справување со климатските промени;
Справување со аерозагадување;
Заштита на биодиверзитетот;
Менаџирање со биомаса за енергетски цели со аспект на зачувување на животната средина.
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт