Потпишан Меморандум за соработка
На ден 11.07.2022 година во дирекцијата на Јавното претпријатие Национални шуми и Здружение за заштита на животната средина ЗЕЛЕНО ОКО Скопје беше потпишан Меморандум за соработка, кој ја потврдува согласноста за соработка помеѓу ЗЕЛЕНО ОКО претставувано од Претседател проф. д-р Јане Ацевски и м-р Валентин Груевски директор на ЈП Национални шуми.
Здружението за заштита на животната средина ЗЕЛЕНО ОКО Скопје е граѓанска организација која поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирањето на политиките во областа на животната средина. Се залага за решавање на општествените предизвици во областа на зачувување на животната средина со што промовира, информира и реализира активности за унапредување на заштитата на животната средина.
Целта на соработката помеѓу ЈПНШ и Здружението за заштита на животната средина ЗЕЛЕНО ОКО Скопје е заедничка соработка во реализирање на проекти поврзани со шумите, животната средина, еколошките проблеми и климатски промени, како и проекти поврзани со едукацијата, руралниот развој во планинските региони, користењето на недрвните шумски производи и друго.
Здружение за заштита на животната средина ЗЕЛЕНО ОКО во соработка со ЈПНШ ќе ги реализира следните активности:
Организирање на обуки за воведување на еколошки одржливи практики во управување со шумите и шумското земјиште, земајќи го предвид и загрозениот биодиверзитет;
Отворање на едукативен центар за шумите и нивните природни вредности;
Практична настава и обука во природа на: ученици, студенти, љубители на природа, екологисти, планинари, извидници, туристи како од земјава, така и од странство;
Промоција на планински и научен туризам;
Справување со климатските промени;
Справување со аерозагадување;
Заштита на биодиверзитетот;
Менаџирање со биомаса за енергетски цели со аспект на зачувување на животната средина.
Назад