Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Реализација на инвестициона програма

Конференција за печат на генералниот директор на ЈП Македонски шуми, г-дин Жарко Караџоски

Реализација на дел инвестиционата програма на ЈП "Македонски шуми", набавка на уште 3 нови градежни машини (булдожери) за потребитe на ЈП "Македонски шуми"

Според императивот дека ЈП "Македонски шуми" мора да се трансформира во претпријатие со тенденција на вклопување во европските рамки, за прв пат од постоењето на ЈП, преземени се мерки за заштеда, а тоа значи инвестирање во сопствено производство со сопствени основни средства.

Во септември и октомври 2011, 20 теренски возила Лада Нива, во две транши по 10 возила беа доделени на 20 подружници на ЈП. Во нашата инвестициона програма за 2011. година беше планирана набавка на три нови булдожери, кои се веќе си ја оправдаа набавката со заштедите кои ги направија за нашето претпријатие.

Пред нас се уште (три) 3 нови градежни машини (булдожери), подготвени за работа, со тоа што следнита години заштедите за ЈП Македонски шуми ќе бидат уште поголеми, а се разбира и приходот на ЈП, што е крајна цел на секое претпријатие кое домаќински работи и се грижи за рентабилноста во работата.

Ако се знае дека до сега според тендерските набавки кои секоја година сме ги користеле, за прочистување на 1 км пат се трошело 10 000,00 ден., за реконструкција околу 20 000,00 ден., а за изградба на еден километар пат е потребно околу 280 000, 00ден., по километар а на годишно ниво се прочистува во просек мрежа од 244 км, се реконструираат 50км, шумски патишта, тогаш е јасна оправданоста на оваа инвестиција.

За тековната, 2013 година е планирано пробивање на 251км   шумски пат, реконструкција на 217 км и прочистување на 1730 км патишта.

До сега ови средства се даваа на надворешни извршители по пат на Јавна набавка, а сега, со извршувањето на овие работи со сопствена механизација заштедата ќе биде 40% од трошоците на претпријатието за пробивање, одржување и реконструкција на шумски патишта.

Овие машини според карактеристиките ги задоволуваат потребите за намената. Работните карактеристики на булдожерите се

1)    работна маса на машината од 16.000-17.000 кгр,

2)    јачина на моторот 130K

3)    максимална влечна сила 135-145 kN

Произведени се во Кина, во фирмата LUIGONG, со вграден германски мотор. Набавени се по пат на сукцесивни набавки по претходна нарачка, со отворена постапка која завршува со електронска аукција. Вредноста на еден булдожер е 7.630.000,00 денари, без ДДВ, а вкупната инвестиција изнесува 22.890.000,00 денари, без ДДВ, средства кои лично ги обезбеди Јавното претпријатие. Во договорот за оваа набавка е внесена гаранција од 2 години која се однесува  за резервни делови и потрошен материјал за набавените машини.

 

 

Скопје, 22.03.2013.                                                      ЈП “Македонски шуми”

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт