Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Интервју на Директорот Валентин Груевски за agrotim.mk

Разговор со Валентин Груевски, директор на ЈП „Национални шуми“ –
Дали Македонија има доволно дрва за следната грејна сезона и што ќе се случува со цените?
ЈП „Национални шуми“ стопанисува и управува со државните шуми и шумското земјиште со приближно околу 90 % од шумите кои се во државна сопственост (во државна сопственост отпаѓаат околу 90 од вкупната површина под шуми, додека околу 10 % отпаѓа во приватна сопственост-физички лица, но и концесии МПЦ-ОА, ИВЗ). Останатиот дел 10% отпаѓа на површини под шуми и шумско земјиште со кој управуваат Националните паркови и повеќе наменската Јавна Устанува Јасен.
За состојбата со шумскиот фонд во Македонија, за актуелното прашање за дрвата за огрев и зголемувањето на цените разговаравме со директорот на ЈП „Национални шуми“, господинот Валентин Груевски.
Во однос на состојбата со шумскиот фонд во нашата земја, Груевски вели дека последниве децении настапува природна сукцесија на зголемување на површините под шума.
-Состојбата со шумскиот фонд последните децении главно по површина се зголемува, што се должи и на напуштање на земјоделско обработливите површини во понискиот појас, но и поради намалување на стадата кои се напасуваат при горната граница на шумата. Во едни вакви услови, настапува природна сукцесија на зголемување на површините под шума. Квалитетот е разновиден. Од добро сочувани шуми, кои се стопанисуваат плански, до шуми со слаба продуктивност што се должи на вековниот начин на практики кои биле практикувани во нашата држава во насока на нискостеблено стопанисување ( тоа е стопанисување, односно обновување на шумата по пат на чисти сечи).
Структурата на шумите (површина, дрвна резерва, прираст, етат итн.) со која стопанисува и управува ЈП Национални шуми е организирана во Шумскостопански единици и нивниот број изнесува 174. Овие Шумскостопански единици се организирани во 30 подружници кои работат во склопот на јавното претпријатие.
Последниве неколку месеци многу граѓани се жалеа на недостиг на дрва за огрев и зголемување на цените. Го прашавме господинот Груевски дали Македонија има доволно дрва за следната грејна сезона.
-Согласно објавениот Јавен повик на веб-страницата на јавното претпријатие за купување на огревно дрво, преку складовите во подружниците на Национални шуми, за снабдување со огревно дрво за претстојната грејна сезона, јавното претпријатие ќе настојува да ги задоволи потребите на пазарот – рече Груевски, кој нагласи и дека во тек е изработка на Предлог-ценовник за утврдување на цените на главните шумски производи на ЈП Национални шуми -Скопје, за којшто согласност треба да даде Владата на РСМ.
-Во услови на актуелна светска енергетска криза и цени на енергенсите кои се зголемени неколкукратно во последниот период, а кои директно влијаат на калкулацијата на цената на чинење на основните шумски сортименти, да го истакнеме фактот дека, Ценовникот на главни шумски производи на ЈП Национални шуми, не е сменет од 2014 година (кога е извршена промена на цената само на техничкото дрво, додека цената на огревното дрво не е сменета од 2009 година), а трошоците за производсво во фазите (сеча, дотур, превоз со утовар и растовар), нафта, бензин, закуп и сл. на основните производи (огревно и техничко дрво) се зголемени неколкукратно.
Согласно погоре изнесеното ЈП Национални шуми п.о. – Скопје со зголемување на производството во тековната 2022 год., мора да ја прилагоди односно зголеми цената на дрвните сортименти, согласно зголемувањето на цената на енергенсите (гориво, мазиво, двотактол), кои имаат големо влијание врз остварената цена на чинење на метар кубен произведено огревно или техничко дрво. – потенцираше Груевски.
Груевски ни објасни дека големата разлика во цените на дрвата за огрев во „Национални шуми“ и приватните складови се должи на тоа што приватните складови не подлежат на Регулаторна комисија и токму заради тоа слободно ја формираат цената на производите.
Како проблем секоја сезона се почесто се наметнува недостигот на сечачи, дефицитарен кадар на пазарот на труд, во недостиг од редовно вработени сечачи се ангажираат и надворешни извршители.
ЈП „Национални шуми – Скопје за реализирање на планираното производство за 2022 година, а во недостиг од редовно вработени сечачи, објави оглас за вработување на сечачи на определено време. Бидејќи и сечачите се дефицитарен кадар на пазарот на труд, јавното претпријатие дел од своето планирано производство за сеча на огревно и техничко дрво планира да го реализира по пат на отворени постапки за извршување на шумарски услуги во фазите сеча со дотур (со надворешни извршители), со цел да се задоволат потребите од огревно и техничко дрво – рече Груевски.
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт