Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ДЕМАНТ на веста ,,НАЈАВЕНА МАСОВНА ЛЕГАЛНА СЕЧА НА МАСИВИТЕ ЈАКУПИЦА И ДАУТИЦА СО АМИН ОД НАДЛЕЖНИТЕ,,

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ДЕМАНТ на веста ,,НАЈАВЕНА МАСОВНА ЛЕГАЛНА СЕЧА НА МАСИВИТЕ
ЈАКУПИЦА И ДАУТИЦА СО АМИН ОД НАДЛЕЖНИТЕ,, објавена на фб страната на Левица - Зелен сектор на 13.05.2022 година
Партијата Левица уште еднаш ја покажа својата неспособност со ширење лаги кои се веќе препознатливи за оваа полититичка партија. Очигледното непознавање на функционирањето на ЈП Национални шуми, на овој кадар од партијата, е само уште еден доказ за тоа дека ширењето на неосновани лаги и измислици е својствено за оваа партија.
ЈП Национални шуми остро ја ДЕМАНТИРА ВЕСТА за најавената ,,легална и брутална сеча на македонските шуми на планинските масиви Јакупица и Даутица над селата Ореше и Папрадиште во општина Чашка,, како и веста дека ,,јавното претпријатие кое стопанисува со шумите го има дадено овој реон на 10-годишна концесија,,.
Врз основа на објавената вест се добива впечаток дека, во партијата немаат добро познавање од шумарската проблематика, па затоа сме згрозени од незнаењето и неинформираноста на една политичка партија.
Во Законот за шуми НЕ Е ПРЕДВИДЕНО давање на концесии за сеча, а уште помалку 10-годишни. ЈП Национали шуми кое стопанисува со државните шуми на територијата на РСМакедонија, работи согласно Закон за шуми и согласно Програма за работа за тековната година, која е изработена во согласност со важечките Посебни планови за стопанисување со шумите во секоја подружница, во склад со реалните можности, технички капацитети и човечки ресурси, како и со примена на техничките норми и нормативи во шумарството.
Легална сеча на дрва во државните шуми со кои стопанисува ЈП Национални шуми,, се врши во оние Шумско-стопански единици на Подружниците во ЈП, за кои што има предвидено сеча во Образец 3 и 3а во важечките Посебени планови за стопанисување со шуми за секоја ШСЕ, кои се одобрени од рецензиона комисија при МЗШВ и се со важност од 10 години.
Согласно Закон за шуми, дрвната маса која е предвидена за сеча се обележува (маркира), одговорниот инженер во Подружницата изготвува Годишен изведбен план, во кој е наведена обележаната дрвна маса, вкупната дрвна маса по сортименти и динамика на работа во одделите и пододделите каде се изведуваат активностите. Сите сечи кои се предвидени со планските документи, спаѓаат во одгледни мерки со кои се негува, подмладува, обновува и одржува здрава шума, отпорна на болести и пожари.
Ако легалните сечи се во полза на нега на шумата, нелегалните сечи буквално ја уништуваат шумата, затоа сечија помош за сузбивање на бесправните сечи е добродојдена, за жал мал е бројот на тие што споделуваат такви информации со надлежните.
Сечата која ја врши ПШС Бабуна- Велес е во ШСЕ Горна Бабуна за која има изготвено Посебен план за стопанисување со важност 2021-2030 год., и се врши согласно Закон за шуми и планирани активности во Програмата за работа за 2022год., во одделите 39/а и 39/б, во кои е планирана сеча во која шумата има достигнато физиолошка старост и мора да се обнови. Во овие оддели е извршено маркирање и направен записник од страна на инспектор по шумарство и одделите се поминати на тендер за сеча и дотур. Исто така, се работи и по важечки договори од 2021 год. во кои се доработува во оддел 37/б.
Во самата вест се помешани месностите за кои се зборува, бидејќи дел се под Велес, а дел под Прилеп, со цел да се блокира работата на подружницата, а месното население да се снабди со бесправно посечено дрво.
Ако сакате да оставите впечаток на сериозна партија, загрижена за зачувување на шумскиот фонд, во иднина за вакви работи од шумарството би било коректно да се ПОСОВЕТУВАТЕ со некој кој се разбира од проблематиката и да се ИЗВИНИТЕ на вработените во ЈП Национални шуми, кое е претпријатие на самофинансирање и со многу работа и труд, обезбедува финансиски средства за опстанок и нормално функционирање на сите вработени во услови на светска економска криза, во спротивно би биле ПРИНУДЕНИ да поведеме судска постапка.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт