Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Светски ден на планетата Земја

Светски ден на планетата Земја

 

Светскиот ден на планетата Земја е меѓународен настан за одржливост на животната средина и заштита на нашата планета. Оваа  меѓународна дата е секако дата која најмасовно се прославува во целиот свет, а овој   зелен настан успева да вклучи најголем број луѓе на целата  планета. 

Воспоставувањето на Светскиот ден на планетата Земја намногу се  должи на Џон Меконел, мировен активист,  кој меѓу останатото се интересирал и за екологијата. Верувал дека човечките суштества имаат обврска да се грижат за земјата и праведно да ги споделуваат ресурсите. Во октомври 1969 година, за време на Конференцијата на УНЕСКО во Сан Франциско, Меконел предложил ден за славење на животот и убавината на Земјата и промовирање на мирот. За него, славењето на животот на Земјата значело и предупредување до сите луѓе, за потребата да се зачува и обнови загрозената еколошка рамнотежа, од која зависи целиот живот на планетата.

Предлогот добил силна поддршка и бил проследен со прослава на „Денот на планетата Земја“ на градот Сан Франциско. Првата прослава на Денот на планетата Земја се случила на  21 март 1970 година.  Прогласувањето на Денот на планетата Земја било  официјализирано, со список на принципи и прецизни обврски, како и потполна посветеност за грижа за планетата. Овој документ бил потпишан од 36 светски лидери, меѓу кои и тогашниот генерален секретар на ОН  У Тант, Маргарет Мид, Џон Гарднер и други (последниот потпис на Михаил Горбачов бил додаден во 2000 година).

Еден месец подоцна, на 22 април 1970 година, дефинитивниот „Ден на планетата Земја“ се воспоставил од страна на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон, како чисто еколошки настан. Сепак, овој Ден на планетата Земја бил замислен како чисто американски настан, но токму Денис Хејс (првиот координатор на Денот на планетата Земја) го направил настанот да добие меѓународна реалност, откако ги „заразил“ американските градови, Хејс ја основал мрежата за Денот на планетата Земја со тоа што успеал да вклучи повеќе од 180 нации.

Првите прослави на Денот на планетата Земја се одржале во две илјади колеџи и универзитети, околу десет илјади основни и средни училишта и во стотици заедници низ Соединетите држави. Настанот во почетокот бил  национален по обем и морал да почека до 1990 година за да се почне помасовно да се прославува. 

Во 1990 година, Денот на планетата Земја мобилизираше 200 милиони луѓе во 141 земја, ставајќи го фокусот на еколошките прашања на светската сцена. Тогашните активностите за Денот на планетата Земја дадоа огромен поттик на културата на рециклирање ширум светот и помогнаа да се отвори патот за Самитот на Земјата на Обединетите нации во 1992 година во Рио де Жанеиро.

Во 2000 година, Светскиот ден на планетата Земја го комбинираше оригиналниот дух на првите Денови на планетата Земја со интернационализмот на настанот од 1990-тите. 2000 година беше првата година кога Интернетот беше користен како примарна организациска алатка. Ова се покажа непроценливо, како  на национално, така и на меѓународно ниво. 

Благодарение на зголемениот интерес за настанот, денес Светскиот ден на планетата Земја стана Светска недела на планетата Земја. Во деновите околу  22 април, многу заедници прославуваат цела недела со активности фокусирани на најактуелните еколошки прашања. Настаните се користат за подигање на јавната свест за прашањата за одржливост,  а активистите, за анализирање на денешните сценарија и предлагање конкретни решенија. 

Секоја година Организацијата за Денот на планетата Земја бира тема со која се укажува на важноста на денот. Темата за 2022 година е „Инвестирај во нашата планета“, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина.

Идејата зад овогодинешната тема е да се охрабрат владите, корпорациите и приватните граѓани да преземат конкретни чекори кон следење на просперитетна и одржлива иднина за да и се даде можност и време на природата да се обнови и да се изгради здрава планета за нашите деца и нивните деца, времето е кратко.

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт