Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Реконструкција и јакнење на производните капацитети на расадникот на ЈП “Национални шуми” во Куманово

ЈП“Национални шуми” и УНДП преку Програмата за развој на Обединетите нации промовираа развојни активности за намалување на ризикот од поплави, преку подобрено управување, засновано на ризик со шумската покривка во горниот слив на реката Вардар. Во изминатиот период двете страни соработуваа за подобрување на делувањето со цел за намалување на притисоците врз шумската покривка и забрзување на нејзиното обновување како дел од проектот “Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион” што го спроведува УНДП.
Целта на оваа соработка е јакнењето на производните капацитети на расадникот на ЈП “Национални шуми” во Куманово и производство на садници кои ќе бидат искористени за подобрување на отпорноста кон поплави. За таа цел целосно реконструирани се три мрежници во расадникот на ЈП “Национални шуми” во Куманово со опрема и Полуавтоматски иригационен систем за полевање и прихранување на шумски садници, потопна пумпа и мрежа за засена за потребите на расадникот.
Со реализацијата на овој проект помеѓу ЈП“Национални шуми” и УНДП, се стимулира и подржува производството на потребните количини на саден материјал за пошумување на горниот слив на реката Вардар во Полошкиот регион.
Произведените садници во расадникот во Куманово ќе бидат искористени за пошумување на мапирани ерозивните површини кои ќе произлезат со проектот Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион, со цел намалување и контрола на ерозивните процеси со обновување на шумата и шумската покривка.
ЈП“Национални шуми” изразувa голема благодарност, до Швајцарската Конфедерација која го финансираше и УНДП кои ги имплементираа активности за јакнење на производните капацитети на расадникот на ЈП“Национални шуми” во Куманово како дел од проектот “Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион”. На отварањето на реконструираниот расадник во подружницата во Куманово се обрати Помошникот директор на Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов Маре Басова, а на настанот присуствуваа и дел од Помошниците директори од менаџерскиот тим на јавното претпријатие, вработени во подружницата во Куманово, како и други присутни.

Видео

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт