Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ОТПАДОТ- ЗАГАДУВАЧ ИЛИ РЕСУРС

Дали нашата земја може да стане чиста како повеќето земји во Европа? Дали на отпадот може да се оствари заработка? Има ли отпадот вредност, може ли со негово правилно управување да се дојде не само до помало загадување, туку и до заработка? Дали целокупниот отпад треба да заврши на депониите, или тој може да биде претворен во профит, а животната средина - спасена од сериозен загадувач? 

Како да се оствари тоа го посочија експертите на Националната конвенција (НКЕУ-МК) на онлајн дебатата организирана од страна на Европското движење (ЕМ-МК) на 10 декември минатата година на тема „Отпадот -  загадувач или ресурс? Како да се подобри имплементацијата на Законот за управување со отпад во Република Северна Македонија?

На дебатата беше посочено дека доколку сите ние како граѓани дадеме свој придонес и сите надлежни институции целосно и координирано соработуваат меѓу себе, целите на новиот десетгодишен национален план за управување со отпадот ќе бидат постигнати, со тоа што направените  позитивни промени денес, ќе значат зачувување  на животната средина во која ќе живееме во иднина.  

На дебатата, исто така, беше посочено дека правилното управување со отпадот е дел од обврските што нашата држава треба да ги исполни преку Поглавјето 27 за животна средина како предуслов да стане полноправна членка на ЕУ. Но, според анализите, во земјава реалноста покажува дека справувањето со отпадот се сведува на негово собирање и депонирање, со незначителна застапеност на превенција и селектирање што претставува предуслов за неговото искористување како ресурс. Иако државата бележи напредок во транспонирањето на ЕУ легислативата во националното законодавство, реалноста сигнализира дека сме многу далеку од имплементацијата и од стандардите на Европската Унија, каде само 25 отсто од отпадот може да биде депониран, а другиот дел треба да биде преработен.

На дебатата беа усвоени препораки кои се однесуваат на темата „Отпадот – загадувач или ресурс? Како до поголема имплементација на новиот закон за управување со отпад?“. 

Препораките се усвоени со консензус на сите членови на работната група и се надеваме дека релевантните институции ќе ги имаат во предвид при идните реформи во оваа област.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) треба да  да иницира постапка и да развие методологија за задолжително мапирање на поголемите диви депонии која треба да се спроведе од општините и Јавните комунални претпријатија (ЈКП).

Општините заедно со ЈКП треба да ги зголемат кон тролите со цел откривање на сторителите кои депонираат отпад на диви депонии и да примени мерки за нивно соодветно санкционирање. Дополнително, се препорачува Општините заедно со ЈКП да вршат редовно расчистување на дивите депонии, а за да се постигне одвикнување на граѓаните истото место да добие друга намена (да се постават објекти за рекреација, клупи, зелени- ло, играчки за деца) доколку теренот го дозволува тоа.

Се препорачува МЖСПП да воведе минимум стандарди за постојните депонии што се користат од страна на општините и да воспостави систем на известување за депонираниот отпад. Стандардите да не се однесуваат само на оградување на депонијата, туку и на поставување на вага за мерење и соодветен систем на евиденција.

Препорака 1

Во очекување да се изградат и да започнат со функционирање Регионалните центри за управување со отпад, МЖСПП да иницира креирање на механизми за регуларна комуникација со оштините и Јавните комунални претпријатија (ЈКП) за проток на ин- формации поврзани со новите пристапи за справувањето со отпадот, а со цел да јакне свеста (и знаењето) кај овие исклучително значајни актери за соодветна имплементацијата на легислативата.

Препорака 2

МЖСПП да иницира постапка и да развие методологија за задолжително мапирање на поголемите диви депонии која треба да се спроведе од општините и Јавните комунални претпријатија (ЈКП).

Препорака 3

Општините заедно со ЈКП да ги зголемат контролите со цел откривање на сторителите кои депонираат отпад на диви депонии и да примени мерки за нивно соодветно санкционирање. Дополнително, се препорачува Општините заедно со ЈКП да вршат редовно расчистување на дивите депонии, а за да се постигне одвикнување на граѓаните истото место да добие друга намена (да се постават објекти за рекреација, клупи, зеленило, играчки за деца) доколку теренот го дозволува тоа.

Препорака 4

Се препорачува МЖСПП да воведе минимум стандарди за постојните депонии што се користат од страна на општините и да воспостави систем на известување за депонираниот отпад. Стандардите да не се однесуваат само на оградување на депонијата, туку и на поставување на вага за мерење и соодветен систем на евиденција.

Препорака 5

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) да направи контрола над сите депонии за да се утврди дали се исполнети стандардите. Ова е особено важно за утврдување на целите што треба да се постигнат во однос на намалување на создавањето на отпадот и утврдување на мерките за негово намалување.

Препорака 6

МЖСПП и Управата за животна средина (УЖС) ургентно да ја спроведат процедурата за обезбедување на дозволи за постапување со отпад на Јавните комунални претпријатија. Исто така, МЖСПП јавно да ги објави сите дозволи за постапување со отпад кои ги поседуваат ЈКП.

Препорака 7

Според правилото секој загадувач плаќа, МЖСПП да го обврзе секој правен субјект два пати во го-дината да достави информација (на специјално подготвен онлајн образец) за количината и видот на отпадот кој тие го создаваат.

Препорака 8

За остварување на целите на Националниот план за справување со отпад, односно за прогресивно намалување на биоразградливиот (органски), Општините (преку ЈКП или други заинтересирани чинители - граѓански здруженија) да афирмираат и подржат иницијативи за отворање на компостари. За поголема ефективност на оваа цел неоходно е да се поттикне соработката со локалните ресторани, маркети и зелени пазари за селекција на био- разградлив отпад и натамошно компостирање.

Препорака 9

Се препорачува МЖСПП во соработка со националните медиуми да започне јавна кампања за подигнување на свеста дека секој граѓанин, претпријатие, училиште и други оргaнизирани форми учествуваат во управувањето со отпадот и заеднички ја креираат економската гранка – циркуларна економија од која имаат бенефит сите.

Препорака 10

Во рамките на постечката финасиска рамка за финасирање на проекти за заштита на животната средина од страна на МЖСПП да се даде приоритет на цели со кои ќе се подржат локални иницијативи (проекти) за управување со отпадот.

Препорака 11

Паралелно со планираното воспоставување на регионалното управување со отпадот ѝм се препорачува на општините да започнат со воведување на примарна селекција на отпадот (стакло, хартија, пластика, органски отпад), што би се остварило со поставување на уште една канта каде ќе се селектира тврда фракција односно отпад од пакување (стакло, хартија и пластика) и поставување на уште една канта за органски отпад.

Препорака 12

 

МЖСПП во соработка со Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги да спроведат пилот проект во неколку оштини со цел да се изгради модел на проценка на висината на надоместокот за справување со отпад по домаќинство (правно лице) и кои мерки се неопходни за да се реализира принципот „загадувачот плаќа повеќе“, односно да се утврди начинот на плаќање според количината на создадениот отпад. Исто така, да се предложат конкретни форми на управување со отпадот (селекција, складирање, испорачување) и можноста да се воведат финан- сиски олеснувања за домаќинствата кои уредно го селектираат отпадот. На пример: намалување на месечниот надомест за смет за 10-20% доколку семејството собере одредена количина на отпад од пластика, стакло и хартија и преку колективен постапувач или ЈКП ги предаде соодветно.

Препорака 13

Државниот инспекторат за животна средина итно да го реши проблемот со недостaтокот на инспектори кои ќе вршат редовни контроли на сите локации каде најчесто локалното население непрописно одложува отпад.

Препорака 14

Заради спречување на корупцијата во управувањето со отпадот сите постапки за јавни набавки да се спроведуваат транспарентно и очетно пред граѓаните.

 

 

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт