Заедничко пошумување на вработените од рудникот Саса и ЈП Национални шуми
Постојаната грижа за екологијата и заштитата на животната средина, вработените во рудникот ,,Саса,, заедно со вработените од ЈП ,,Национални шуми,, ПШС ,,Голак-Делчево, денес ја покажаа и на дело. На локалитетот непосредно до рудникот ,,Саса,, со заедничка акција, на површина од околу 2,0 ха засадија над 5.000 садници од багрем, бел бор и јавор. Во изминатиот период успешно беа спроведени пошумувања, оззеленување и рекултивација на старите јаловишта од рудникот.
Вакви и слични заеднички акции ќе продолжат и во иднина, се со цел за поздрава животна средина.