Засадени нови 3000 садници од црн бор во Богословец-Свети Николе
На 23. март 2022 година во место викано Богословец, на кое минатата година во август имаше пожар, во заедничка акција на пошумување, од страна на вработените од ПШС Шумарство-Свети Николе, заедно со вработените од Прокредит Банка, беа засадени 3000 садници црн бор, донација на Прокредит банка, кои се од расадникот на подружницата во Свети Николе.
Местото викано Богословец е избрано за пошумување токму заради опожарената површина и согласно Решението од инспектор. Инаку, освен оваа причина пошумувањето е активност на засадување дрвја, на места каде што растеле дрвја, а кои поради различни околности, сеча, пожари, болести или некоја друга причина исчезнале. Денес, пошумувањето е сè поважна операција за опстанок на многу живи суштества, вклучувајќи го и човекот.
Промената почнува од нас.
Придружи се.
Пошумувај