Одржана меѓуинституционална средба
Во просториите на дирекцијата на ЈПНационални шуми на 21.03.2022 год. се одржа меѓуинституционална работна средба за примена на јазикот, на која присуствуваа директорката Јулиана Николова, заменикот директор dr Berat Dehari и директорот на Агенцијата за примена на јазикот Илбер Села, придружуван од неговиот тим.
Во оваа прилика, соговорниците разговараа за предизвиците за спроведување на Законот за употреба на јазиците во надлежните институции.
Директорот Села ја потврди поддршката на АПЈ за ЈПНационални шуми, нагласувајќи дека, агенцијата е достапна за сите институции кои имаат потреба за јазична поддршка.
Директорката Николова и заменикот директор dr Berat Dehari изразија благодарност за укажаната поддршка од страна на Агенцијата.