ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА
Во просториите на дирекцијата на ЈП Национални шуми на 21.03.2022 година се реализира работна средба во рамките на заедничката соработка и симболично одбележување на денот на шумите, меѓу ЈПНационални шуми и Министерството за животна средина и просторно планирање.
На средбата присуствуваше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, директорката на ЈПНационални шуми, Јулиана Николова, Заменикот директор D-r Berat Dehari и дел од менаџерскиот тим.
На состанокот е разговарано за натамошно унапредување на односите и соработката меѓу двете институции во областа на шумарството и заштитата на животната средина. Членовите на работниот состанок ја истакнаа важноста од подобрување на соработката во различни области и разговараа за: шумските нарушувања, заштитата на шумите од бесправните сечи, екологијата, заштита на животната средина, пошумување и обновување на шумските екосистеми. Исто така се разговараше и за превземањето на дел од вработените во шумските стопанства во Тетово и Гостивар во ново формираното претпријатие Национален парк-Шар Планина.