Денот на шумите, одбележан со пошумување во сите ПШС на НАЦИОНАЛНИ ШУМИ
21 март не е само првиот ден на пролетта, туку е и светски ден на шумите, на белите дробови на светот кои го чистат воздухот.
За овој значаен ден, Јавното претпријатие на ниво на цела држава, во подружниците, во кои според нашите годишни планови има предвидено пошумување, се врши пошумување со шумски видови дрвја. Пошумување се изведува во сите подружници во рамките на ЈП Национални шуми на ниво на цела држава. Подружницата Осогово Кочани, оваа активност ќе ја спроведе на површина која се наоѓа над село Бели м.в. Рамни ниви кое е оддалечено 5 км од градот Кочани. Пошумувањето ќе се изврши со јасен, јавор и багрем на површина која беше опожарена пред 3 години.
На оваа активност, по повод Денот на шумите, покрај пошумувањето ќе се изврши и претставување и промоција на првите информативни табли и паноа за означување на ЗП Осоговски планини кои се поставени на локалитетот Пониква.
На настанот присуствуваше Директорката на ЈП„Национални шуми“ Јулиана Николова, пом.директор Маре Басова, вработените од Секторот за одгледување, подигање на шуми, екологија и лов, како и вработените во Заштитеното подрачје Осоговски планини и вработените од Подружницата Осогово-Кочани, претставници од Фармахем и од Македонско еколошко друштво.