Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

21 март Меѓународен ден на шумите

21 март не е само првиот ден на пролетта, туку е и Меѓународен ден на шумите, на белите дробови на светот кои го чистат воздухот, го намалуваат затоплувањето на планетата, а опфаќаат 80 проценти од копнениот биодиверзитет. 
Овој меѓународен ден е прогласен од Обединетите нации во 2012 година и за прв пат прославен следната година на 21 март 2013 година. Денес, таа дата се слави ширум светот насекаде, како повик да станеме свесни за улогата што ја играат шумите за заштита на биолошката разновидност и за благосостојбата на човештвото, а во исто време за подигање на  јавната свест за важноста на шумите и нивната незаменлива улога за животот на човекот и планетата, за одржливоста на животната средина и за безбедноста на храната.
Дрвјата имаат многу повеќе од украсна функција, тие влијаат врз  температурата, влажноста, атмосферскиот притисок, врнежите, а помеѓу останатото го  апсорбираат CO2 што го произведуваме. 
Шумите покриваат една третина од површината на земјата и се екосистеми со најголема стапка на биолошка разновидност. Шумите кои претставуваат најразновидна и најраспространета средина на нашата планета, за жал се и најзагрозени од влијанието на климатските промени, како и човековите активности заради глобалното уништување на шумите кое продолжува со алармантни стапки, како и шумските пожари. Податоците врзани за шумите се  многу загрижувачки, затоа, одржливото управување со шумите  значи одбрана на животот на идните генерации на Земјата. 
Секоја година се одбира тема со која се укажува на важноста на шумата. Темата за 2022 година е „Шуми и одржливо производство и потрошувачка“, а главните пораки се:
Шумарскиот сектор отвора работни места за најмалку 33 милиони луѓе, а
шумските производи ги користат сите;
Шумите се од суштинско значење за здравјето на планетата и благосостојбата на луѓето;
Одржливото користење на шумите ќе ни помогне да преминеме во економија заснована на обновливи, повторно употребливи и рециклирани материјали;
Одржливото  дрво е важен материјал за озеленување на градовите;
Шумите се од витално значење за одржување на производството на храна;
Потребни се повеќе активности за да се запре уништувањето на шумите и деградацијата;
Изберете производи од дрво од легални и одржливи извори.
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт