ИЗРАБОТКА НА ПОСЕБНИ ПЛАНОВИ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИТЕ
![](admin/documents/logo_web_strana(56).jpg)
Уредувањето на шумите, односно изработката на Посебните планови за стопанисување со шуми е законска обврска. Вработените во Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање работат на изготвување на Посебни планови за стопанисување со шумите, односно изготвуваат плански документи во кои се даваат насоки за стопанисување со шумите на одржлив и еколошки принцип. Во нив се содржани вкупната површина, формата на одгледување и стопанисување и тоа: површина во ха на разновозрасни и едновозрасни насади, високостеблени, нискостеблени, култури, шикари и голини.
Во текот на 2022 година планирани се теренски и канцелариски работи поврзани со прибирање и обработка на податоци во 24 ППСШ со вкупна површина од 161.717,02 ха, како и изработка на 48 Посебни ловностопански основи, чија вредност е согласно договорот за изработка на ПЛСО со Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство.
Bpaботените од Секторот активно се вклучени во COST акции финансирани од European Cooperation in Science and technology.
![](/upload/images/275866205_295006939409049_5380873546460810711_n.jpg)
![](/upload/images/275881930_295006929409050_4294567941131745701_n.jpg)
![](/upload/images/275915426_295006936075716_1955807007428278375_n.jpg)